Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар рече дека неговиот однос со навивачите се движи во позитивен правец.
– Мојот трансфер во ПСЖ е едно од најдобрите искуства во мојата фудбалска кариера. Начинот на кој навивачите ме прифатија беше одличен. Што се однесува до мене, нашите односи се развиваат. Секој знае што се случи минатото лето. Тоа е минатото. Јас сум фудбалер на ПСЖ. Продолжувам да играм овде и ја давам целата своја сила, изјави Нејмар.
ПСЖ може да има одлична сезона. Имаме одлични фанови, немам ништо против нив, напротив. Имам голема љубов и многу почит кон нив. Се надевам дека повторно ќе нè поддржат и ни помогнат. Сакам тие да продолжат да го прават она што го прават на трибините, а на теренот ќе дадам 100%, дополни Нејмар.
Бразилецот пред почетокот на сезоната беше во немилост кај навивачите поради желбата да го напушти клубот. Сепак Нејмар остана во Париз и со своите игри и голови полека ја враќа довербата на фановите на ПСЖ.