Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар сигурно нема да игра во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед.

Дуелот на „Олд Трафорд“ е закажан за 12 февруари, а дотогаш Бразилецот нема да е опоравен од повредата која ја заработи на натпреварот против Стразбур пред неколку дена.

Нејмар беше присилно заменет по паузата и го напушти теренот во солзи. Во моментов тој се уште не може да стапне целосно и нема да се ризикува со негово избрзано вклучување во игра.

Добрата вест за ПСЖ е дека Нејмар ќе биде на линија за реваншот кој ќе биде на 6 март.

Повредата на бразилската ѕвезда е во петтата метатарзална коска на стапалото на десната нога. Обично опоравувањето од таква повреда трае неколку недели.