Нејмар ќе ги пропушти првите три натпревари од новата сезона во Лигата на шампионите. Бразилецот е казнет од УЕФА поради критиките за судиите по елиминацијата на Пери Сен-Жермен од турнирот минатата сезона.

Манчестер Јунајтед тогаш ги отстрани Французите по пенал на самиот крај на натпреварот. Одлуката беше донесена откако ситуацијата беше повторно видена преку системот за видео повторување (ВАР).

По мечот, тој ги нападна судиите во социјалните мрежи. УЕФА брзо го казни за три натпревари, но ПСЖ поднесе жалба против одлуката. Обидот на францускиот шампион да ја намали санкцијата беше неуспешна и казната беше потврдена.

Се уште не е јасно дали Нејмар ќе остане во ПСЖ. Бразилецот изрази желба да го напушти клубот и да се врати во Барселона. Реал Мадрид исто така е заинтересиран за него. Каде и да игра, тој ќе ги пропушти првите натпревари од групната фаза од Лигата на шампионите.