Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар призна дека поради повредата плачел два дена.
– Кога првпат бев повреден, си реков дека треба да се вратам што е можно побрзо. Бев вознемирен. Овој пат ми беше многу потешко да ја сфатам ситуацијата. Плачев два дена, изјави Нејмар.
Бразилецот го повреди зглобот на натпреварот со Стразбур во Купот на Франција. Тој го пропушти првиот дел од осминафиналето на Лигата на шампионите со Манчестер јунајтед.
Претходно, Нојер поради скршеница на стапалото беше надвор од теренот повеќе од три месеци и врз него беше извршена операција.