26-годишниот напаѓач на францускиот гигант Парис Сен Жермен, Нејмар, од следната година ќе игра за Реал Мадрид, тврди шпанскиот новинар Едуардо Инда.

Првата ѕвезда на ПСЖ моментално закрепнува од повреда, а претседателот на Реал Флорентино Перез ќе вложи големи пари за да ја освежи напаѓачката линија во својот тим.

Клубот од Мадрид неодамна се избори за третото последователно финале во Лигата на шампионите, а против Лиерпул ќе се обиде да ја освои и третата круна.

Перез во меѓувреме верува дека засилувањата во екипата треба да почнат од нападот, а новинарот Инда тврди дека негова голема желба е токму Нејмар, но и Мохамед Салах, кои би требало да ги заменат Карим Бензема и Герет Бејл.

Сепак, поблиску до трансфер во Мадрид е бразилскиот напаѓач, за кој ќе треба да одделат речиси 270 милиони евра, а Инда изјави дека официјализирањето на овој трансфер може да се случи и пред Светското првенство во Русија.

„Не велам дека сигурно ќе го потпишат Нејмар, но Нејмар очекува изненадување во последните моменти пред Мундијалот, односно потврда дека од следната сезона ќе игра за Реал Мадрид“, вели новинарот Инда, а пренесува „The Daily Star“.