Двајца министри вртат на „прекидачот“, уште двајца им асистираат и оп ќе светне струја на Попова Шапка во 21 век.

И сега, во 21 век, политичарите кога е во прашање политичкиот маркетинг не се срамат да се сликаат со вртење „прекидач“ и вклучување на струја, што било гордост во Македонија, ама пред 70-80 години.

За да не остане нејасно: Политичарите од фотографијата се Крешник Бектеши, министер за економија заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тие вчера го посетија ски центарот Попова Шапка, а во рамки на посетата, пуштија во употреба осветлување за новата скијачка сезона.

(Д.Г.)