Во полициска станица при СВР Велес изутрина околу 9 часот е извршен службен разговор со две лица од Велес, во врска со пријава за напад и силување.
Според пријавата вчера во периодот од 22.30 до 23.30 часот на место викано Дворови неколу лица физички нападнале и извршиле обљуба врз малолетничка, за која во 18.10 часот од ЈУМЦСР-Град Скопје во Полициската станица Центар било пријавено дека се оддалечила од установата.
За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.