Изминатите 24 часа полицијата на различни локации низ земјава регистрираше неколку физички пресметки каде биле приведени и неколку лица, меѓу кои и еден малолетник.

„На 17.05.2020 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„5“ во с.Трубарево, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Љ.(39) од с.Трубарево, скопско и Г.К.(27) од с.Шупли Камен, кумановско. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 18.05.2020 во 08.20 часот во СВР Скопје, А.Н.(21) од Скопје пријавил дека во 07.45 часот на пракинг на ул.„Беласица“, поради претходно недоразбирање околу сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.05.2020 во 11.30 часот во Полициската станица Велес, М.А.(37) од Велес пријавила дека околу 10.45 часот на ул.„Ангел Мишев“ таа и нејзината малолетна ќерка биле физички нападнати од С.У.(29) од Велес. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.05.2020 околу 01.00 часот на крстосницата на улиците „Димитрија Чуповски“ и „Роса Плавева“ настанала физичка пресметка помеѓу В.С.(47) и И.С.(41), од една страна и И.Т.(23) и четири непознати лица, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.05.2020 околу 12.50 часот на ул.„Димитар Влахов“ настанала физичка пресметка помеѓу Б.З.(42), М.А.(37), Е.Х.(20) и 15-годишен малолетник. По настанот лицата се приведени во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“ информираат од МВР.