Има една суштинска разлика и една недореченост во јавноста. ЈЗУ специјализирана болница за геријатриски и палијативна медицина е болница, рече во телевизиско гостување директорката на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, Ленче Нелоска.
-Во болница имате здравствена услуга, а во домовите за стари има социјална услуга. За тоа да биде поедноставно јас го споредувам со децата. Здраво дете оди во градинка, болно дете оди на педијатрија. Така е и кај старите лица, условно здравите, оние коишто се функционални треба да одат во дом, а тие што се болни треба да одат во Геријатрија, истакна Нелоска.
Таа додаде дека тие како ЈЗУ се трудат да излезат во пресрет на граѓаните.




