Власта на ДУИ и СДС го претворија здравството во алатка за бизниси и богатење. Нема ден да не излезе нов скандал или поразителна вест за здравствениот систем, велат во партиското сооштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Последна во низата афери е набавката на Клиниката на хематологија. Таму неколку години наназад имаме ситуација ќерката Пановска, директорка на клиниката, да му доделува тендер од 3 милиони евра за набавка на лекови на својот татко Пановски, сопственик на веледрогерија. И ни око не им трепнува, ни срам ни перде имаат. Битно парите да се вртат во кругот на семејството.
Затоа здравството е на овој низок степен. После морбидниот скандал на Онкологија, веднаш се надоврзува и овој семеен бизнис на Хематологија. Сите овие неетички и нелегални дејанија ја нарушуваат довербата на граѓаните. Овие индиции и скандалозни одлуки на клиниките мора да се испитаат и соодветно да се процесуираат ако сакаме да имаме здравствен систем кој лекува, а не кој богати поединци. Одговорност и ресет на системот е суштински потребен, стои во соопштението на партијата.