Во земјава регистрирани се околу 130 пациенти со цистична фиброза, болест која доколку не биде на време дијагностицирана може да заврши со фатални последици. До сега лекарите применувале терапија која делувала на симптомите, но последните две години големите светски фармацевтски компании откриле терапија која делува на самата болест, објавува Телма.

Но, проблемот со новата терапија е што чини скапо. Цената на третманот ја диктираат странските пазари, но и средствата кои на годишно ниво ги одвојува Министерството за здравство.

Експертите велат дека државата ќе мора да најде начин да обезбеди фонд преку која таа ќе се применува кај болните во земјава.

Најтешката форма на оваа болест е кога со неа се зафатени белите дробови што предизвикува полнење на белите дробови со течности и гушење на пациентите. Смртноста кај овие пациенти е најголема бидејќи болеста кај нив најбрзо напредува и доведува до прогресивно оштетување на белодорбните органи.