Во Основниот суд Скопје 1 – Скопје, пред судија на претходна постапка, во текот на денешниот ден беа спроведени три лица со предлог на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка притвор.

По сослушување на лицата како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на трите лица им определи мерки за претпазливост.

Според судот, на осомничениот К.С. му е изречена  мерката Привремено одземање на патната исправа и обврска повремено да се јавува на овластено лице во судот. На двајцата други осомничени  Р.Д. и Т.Г. изречена им е мерката – обврска повремено да се јавуваат во судот во Кочани, односно судот во Гевгелија.

Против овие решенија странките имаат право на жалба, наведе вечерва Основниот суд Скопје 1.