Очекуваната со нетрпение прес-конференција на шефовите на Баерн Минхен, всушност била свикана со идејата тие да го заштитат името на баварскиот клуб, фудбалерите и спортско-техничкиот штаб од медиумските напади и обвинувања.
Германските интернет изданија очекуваа средбата со новинарите да е поради промена на тренерот Нико Ковач, а дури и во медиумите се појави и името на евентуалниот негов заменик – Арсен Венгер.
Наместо тоа, Карл-Хајнц Румениге, Ули Хенес и Хасан Салихамиџиќ ги прекорија новинарите, обвинувајќи ги за кратка меморија и напади, лишени од аргументи.
Капитенот Мануел Ноер, кој доби бројни критики за својата слаба форма, исто така, доби силна поддршка од раководството.
– Денес ние ќе ги заштитиме нашите играчи и нашиот тренер. Ние не ги бараме причините за поразите во медиумите. Тоа сепак, што се случува во медиумите во последно време, покажува недостаток на било каква почит и ги надминува сите граници, рече Румениге. Освен играчите на Баерн Минхен, раководството застана и во одбрана на германската репрезентација, па дури и на селекторот Јоги Лев.