Британката Норма Вилијамс живее во Италија, изнајмува недвижен имот. Има посебен режим на исхрана, и е многу физички активна, но кој би поверувал дека има 70 години?
Никој не и верува кога ќе каже колку години има, бидејќи изгледа многу младолико. Речиси секој ден вежба, внимава на она што го јаде, но, вели, гените се одговорни за нејзиниот изглед.
Норма изгледа одлично и има многу јасни ставови за убавината:
– За мене, тоа е одличен облик на телото без вишокот на маснотии, важна е добра половина и обликувани мускули од глава до петици. Одличен облик не мора да се дефинира со висина или тип на фигура, вели Норма.
Оваа Британка се облекува многу младешки, а секојдневно вежба од раните дваесетти години. Рутината на вежбање ја менува на неколку месеци, а двапати неделно е на зумба.
Нејзината активност започнува во 7:30 со брза прошетка повеќе од еден километар, по што поминува околу 60 калила. Потоа, брзо поминува шест круга од околу 1,5 километри, а потоа брзо оди дома за да се истушира.
Во попладневните часови ја повторува утринската рутина заедно со својот сопруг.
Норма доцна појадува и тоа две капучина и големо пченкарно пециво со мед. Ручекот го прескокнува, а во средината на попладнето јаде банана и некои сезонски овошја. За вечера пилешки гради со моркови, брокула, боранија и печурки во сос од соја, сето со маслиново масло и поросено со семеиња, малини и ореви. Понекогаш за вечера јаде тестенини, салата и зеленчук. Ретко и пица „Наполитана”. По вечерата, јаде и неколку бисквити, мешавина од ореви и малини, некој колач со ориз и темно чоколадо или грчки тип јогурт со мед. И се завршува со неколку чаши црвено вино, секогаш по 19 часот.
Таа оди во теретана двапати на ден, а нејзиниот тренинг трае 50 минути, и ако забележи дека качила половина килограм, утринската активност двојно ја зголемува. Инаку, нејзината идеална тежина е 60,5 килограми.