Русија ја прекина испораката на гас за Полска според договорот со Јамал, неофицијално дознава полскиот портал Онет.
Според медиумот, во надлежното полско министерство се собрал кризен тим се собра во локалното Министерство за клима.
Русија се уште не објавила дали ова е исполнување на ултиматумот со кој неодамна се закани Владимир Путин. Според порталот, официјални соопштенија ќе бидат објавени денеска во текот на денот.
Онет неофицијално добил потврди на информацијата за официјално намалување на испораките на гас, а потоа и за негово прекинување денеска, како од владини извори, така и во полската нафтена и гасна индустрија (PGNiG).
Како што истакнува порталот, Русија не ја известила полската страна за причините за прекинот на испораките.