Се повикуваат сведоци за случајот Империја на СЈО во кој е обвинет бизнисменот Орце Камчев потврдува обвинителката Вилма Русковска. Таа додава дека заедно со досегашната обвинителка Лиле Стефанова на случајот работи и обвинителка од јавното обвинителство Гордана Смаќоска, а вчера изјави дека во случајот не гледа никакво забзрување.
Обвинителската Рускова вели дека во моментов не може да каже дали истрагата за Империја ќе продолжи од каде што застанала, ќе почне од почеток или ќе се проширува.
Во случајот „Империја“ кривично се гонат вкупно 13 луѓе, меѓу кои освен Орце Камчев се и неговата мајка и сестра и дел од блиските соработници, како и Сашо Мијалков. Сите се сомничат за сторени кривични дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и други приноси од казниво дело во периодот од 2002 година до 2013 година.