Во тек е спасувачка акција на полицијата и Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои се обидуваат да спасат маж кој сака да скокне од тераса на станбена зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Во моментот, како што јавија известувачите на МИА од терен, полицијата преговара веќе два часа со човекот во обид да го разубеди во неговата намера.
Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека нивни екипи се испратени на терен, а поставен е и душек во близина на зградата.
На терен е и екипа на Брза помош.