Роднини, партиски истомисленици, пријатели, баџанак…. се само дел од лицата кои во својот тригодишен мандат на државни позиции ги вработил министерот за локална самоуправа Горан Милевски, објави порталот А1он.
– Станува збор за лица кои покрај тоа што работат во локални или државни институции, паралелно членуваат и во управен одбор на друга институција. Но, има и такви кои успеале да добијат и добро платени ангажмани во Министерството на проекти кои се спроведуваат преку Швајцарската агенција, се вели во објавата на А1он.
Покрај овие лица, постојат и други ангажмани во институцијата со авторски договори преку агенција. За овие ангажмани нема објавено јавен оглас, туку само е спроведено барање за поднесување понуда, во кои заинтересираните кандидати покажале интерес, а Милевски лично одлучил кого ќе одбере.
Милевски вели дека е логично секој министер да состави свој тим за работа, а за лицата вели дека се квалитетни за позициите.
Видеото на А1он може да го погледнете ТУКА.