НЕПОТИЗАМ ВО ЕП: Претседателката Мецола го именува својот зет за шеф на кабинет

/ 29.08.2024

Претседателката на Европски парламент, Роберта Мецола го именува својот зет Метју Табоне за шеф на кабинет.

Табоне во ЕП работи од 2013 година, а сега ја презема функцијата од Летиција Зулета Де Реалес Ансалдо, која е именувана за директорка за односи со националните парламенти во ЕП.

Табоне со години е близок соработник на Мецола, а се ожени со нејзината сестра во 2015 година.

Европратеникот од Малта Алекс Агиус Салиба од Лабуристичката партија на Фејсбук објави дека именувањето на Табоне е „поттикнувачки непотизам“.

Замислете јас или претставник (на Лабуристичката партија) да именува член на семејството на највисоката позиција во мојата канцеларија, напиша Агиус Салиба.


Од истата категорија