Непознат човек оставил на олтар во германска црква подарок од 160.000 евра во коверт на кој напишал – За Африка.

Волјата на дарителот ќе биде исполнета и средствата ќе бидат уплатени на неколку организации за помош што работат на тој континент, соопштија од регенсбуршката епархија.

Подарокот бил оставен во јуни минатата година во Католичка црква во јужна Германија во коверт со банкноти од по 500 евра.