Ако погледнете во нечиј шкаф или лавабо во кујна, може да откриете нешто повеќе за личноста, па ако сакате да дознаете каков е некој навистина, најавете му се на гости.
Какви психолошки тајни откриваат несредените делови од домот?
Фиоките, шкафчињата и кутиите се преполни со сè и сешто
Можеби на прв поглед, домот изгледа совршено чист, но ако отворите фиока или шкафче, ќе видите дека сè е натрупано на едно место…
Овие луѓе имаат драматичен карактер, сакаат да ги покажуваат најдобрите страни од себе и прават многу работи за да ги импресионираат останатите.
За нив, поважно е да направат домот да им изгледа привлечно на прв поглед, отколку да го исчистат.
Недостасува реновирање на одредени делови
Некои луѓе поминуваат години во домот со испукани и извалкани ѕидови, скршени предмети, стар тапет и ги чуваат работите во кутии за да не трошат пари на мебел.
Тие се однесуваат како живеалиштето да им е привремено, но тоа трае многу долго.
Од психолошки аспект, овие луѓе живеат во иднината и се склони да го гледаат светот со розови очила.
Тие ја третираат сегашноста како привремена моментална фаза за која треба да имаат толеранција.
Од друга страна, немаат цврсти планови за во иднина, бидејќи се навикнати на начинот на живот и се надеваат на некоја помош од страна која ќе им ја промени ситуацијата.
Неуредна работна околина
Работната околина е интересно место во домот од аспект на психологијата. Некои луѓе сортираат сè во посебни папки и ги ставаат на полица. Другите мешаат сè на едно место. Пенкала, хартија, тефтери, лап топ, слушалки, згужвани ливчиња – сите работи се на едно место и собираат прашина.
Ова укажува на висока самодоверба и незрелост. Дури и ако бирото е неуредно, тие можат пак да работат таму и да најдат што и да им затреба.
Тоа не секогаш е лошо, бидејќи неуредното биро е индикатор за креативна и инвентивна личност.
Лавабото со садови, корпата за облека или кантата за ѓубре се секогаш полни
Ретко кој сака да чисти, но некои луѓе толку го мразат, што дури е страшно – тие го собираат ѓубрето на балкон или им паѓа од канта, го полнат лавабото со садови додека не сфатат дека веќе немаат што да користат и слично.
Одложувањето на обврските од банални причини и мрзливост на овие луѓе им се случува не само дома, туку и општо во секојдневието.
Иако е полесно да се фрли ѓубрето додека е една кеса или да се измијат садовите кога се од еден оброк, тие одбираат да ги таложат, а оваа навика влијае во сите полиња од животот.
Наликува како никој да не живее во домот
Нечии домови изгледаат како да се користат само за преспивање. Местото изгледа чисто, има многу малку мебел и речиси воопшто садови.
Овие станови се популарни кај студентите кои поминуваат малку време во нив и не им се потребни сите елементи.
Но, ако личноста е повозрасна и се чувствува удобно во празен стан, тоа може да упатува на психолошки проблеми.
Еден од нив е незрелоста, бидејќи возрасната личност уште чека некој да се појави и да му го направи домот удобен и топол.
Остатоци од храна, пијалаци и дамки во кујна
Кујната треба да биде едно од најчистите места, бидејќи таму готвиме, а понекогаш и јадеме.
Масло и масни дамки, остатоци од храна, дамки од кафе на работна површина или на чашите – сите овие работи не оставаат добар впечаток во кујната, посебно ако се надополнети со куп садови.
Но, некои луѓе се во ред со хаосот во кујна, а најчесто тоа не е заради мрза. Многу истражувања покажуваат дека чистењето некогаш може да е поврзано со депресија, но ретко.
Луѓето едноставно немаат енергија да го одржуваат домот чист и не мислат дека тоа е важно, бидејќи не се ценат ниту себеси доволно и не мислат дека заслужуваат да живеат во чист простор.
Валкана бања
Замислувате ли дека може да си наполните када и да се релаксирате, иако околу вас е вистински хаос?
Чистата бања, уредно наместени шампони, гелови, паста и останати додатоци укажуваат на тоа дека личноста се грижи добро за хигиената и за негата на тело.
Но, некои луѓе немаат проблем со тоа бањата да им биде растурена, бричот да го остават каде ќе стигнат да се суши со остатоци од влакна и пена и ништо друго да не е организирано и ставено во ред.
Тоа значи дека личноста може да е депресивна или под стрес, па нема доволно време да се грижи за себе и за својот изглед и токму затоа не се грижи за тоа секогаш да има полни шишиња од сите потребни производи.
Има премногу работи насекаде
Некои луѓе не сакаат да се ослободат од работите кои ги сакаат, независно што повеќе не ги користат или се уништени.
Стар мебел кој стои некаде на страна, стара облека, сетови кои никој не ги користи и слични некорисни работи – сигурно сте виделе ваков стан.
Во најдобро можно сценарио, ова однесување е индикатор за конзервативна личност – овие луѓе не сакаат да ги менуваат работите и се кријат од промени.
Најлошото сценарио е кога оваа личност има тенденција постојано да носи непотребни работи дома – ова е знам на компулсивно однесување или невроза.
Совршено чисто и сè е под конец
На овие луѓе не им е тешко да го исчистат било кој дел од домот во слободното време и го одржуваат среден во секое време.
Иако нема ништо лошо во тоа, ако човекот обрнува претерано многу внимание на тоа, може да има некој проблем.
Обично, овие луѓе не се фанови на гости, бидејќи тие им го расипуваат редот кој го воспоставиле.
Тие се перфекционисти, се плашат од бактерии и овие личности се најчесто анксиозни, а чистењето им помага во борбата.