Без победник завршија трите натпревари од 4.коло во Првата македонска фудбалска лига што се одиграа попладнево.
По трите стартни порази, првиот бод во шампионатот го освои Беласица која и натаму е на дното на табелата, но му откина два бода на Вардар кој пропушти шанса барем привремено да избие на врвот.
Постигнати резултати:
Беласица – Вардар 1:1,
Ренова – Македонија ЃП 1:1,
Силекс – Победа 0:0.
Вечер од 20 часот се игра дербито на колото меѓу Работнички и Академија Пандев, додека утре Шкупи е домаќин на Шкендија.
Табела: Академија Пандев 9 бода, Вардар 8, Работнички 6, Шкендија 5, Силекс 5, Победа 5, Ренова 4, Шкупи 2, Македонија ЃП 2, Беласица 1