Заскитан куршум синоќа паднал на паркетот во собата на дете во Скопје.
Вчера околу 22:15 часот во полициската станица Центар, С.Ф. од Скопје пријавил дека додека седел со неговиот малолетен син во една од собите од семејната куќа на ул.„Мирослав Крлежа”, се слушнало пукање од огнено оружје, а проектилот го пробил покривот и паднал на паркетот во нивна близина.
– Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.