Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека во изминатите неколку дена трипати разговарал со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „за да го зајакне здравиот сојуз меѓу Израел и САД“.

– Тоа беа добри и многу важни разговори, рече Нетанјаху.

– Ги делиме истите ставови за иранската закана, со сите нејзини компоненти и опасноста што ја претставува. Гледаме и големи можности за Израел во областа на мирот и неговото проширување, како и во други области, додаде тој.