НЕТАНЈАХУ: Хамас не му дозволува на Црвениот крст пристап до заложниците

/ 03.12.2023

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тврди дека Хамас не им дозволил на членовите на Црвениот крст да ги посетат сите заложници, како што е предвидено во договорот за прекин на огнот.

Нетанјаху на прес-конференцијата рече и дека раселените Израелци ќе се вратат во своите домови кога ќе се чувствуваат безбедно.

„Тие ќе го имаат тоа чувство веднаш штом е безбедно. Сепак, ќе биде потребно извесно време“, рече Нетанјаху.

Запрашан да каже дали многу луѓето во израелските безбедносни служби знаеле дека Хамас ќе изврши напад, Нетанјаху рече дека „нема заговор“.

„Има прашања на кои треба да се одговори: што се случи, како се случи и за тоа ќе се разговара на крајот на војната, а не сега. Секако, немаше заговор“, рече Нетанјаху.

Кога станува збор за терористичкиот напад во Ерусалим од средата, кога двајца палестински напаѓачи убија четворица цивили на автобуската постојка на влезот во градот, Нетанјаху потврди дека во убиството на терористите учествувал цивил кој случајно се нашол во близина.

„Повеќе пиштоли во рацете на цивилите може да предизвикаат трагични инциденти. Но, повеќе цивили со оружје може да го спасат денот во такви денови“, додаде Нетанјаху, бранејќи ја одлуката на израелската влада да ги охрабри цивилите со дозволи да носат оружје.


Од истата категорија