Израелските военоморски сили може да преземат акции против шверц на иранска нафта, изјави израелскиот премеир Бенјамин Нетанјаху. Тој ги повика светските сили да осуетат какви било обиди на Техеран да се заобиколат санкциите на САД.
Пред офицери од ВМС, тој нагласи дека Иран се уште презема некзаконски мерки за превоз на гориво какви што користел пред нуклеарниот договор во 2015 година со кој се укинаа санкциите за иранскиот нафтен сектор.
Минатата година претседателот на САД се повлече од тој договор и врати дел од санкциите со цел да се сведе на „нула“ иранскиот извоз на нафта.
– Иран се обидува да не ги почитува санкциите со прикриен шверц на нафта по морски патишта и доколку тие обиди се прошират, нашите ВМС ќе имаат важна улога во блокирањето на тие ирански акции, изјави Нетанјаху. – Ја повикувам целата меѓународна заеница да ги спречи таквите ирански обиди за непочитување санкции по море, додаде Нетанјаху.