НЕТАНЈАХУ: Израелските сили го уништија седиштето на Хамас, тунелите и базите

/ 07.11.2023

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одржа прес-конференција во Тел Авив.

„Го опколивме градот Газа. ИДФ дејствува внатре во градот, убивме многу терористи. Хамас сега сфати дека стигнавме до места до кои не мислеа дека ќе стигнеме. Израелските сили го уништија седиштето на Хамас, тунелите и базите ,” рече тој.

Потоа се осврна на размената на оган со Хезболах. „Ако Хезболах одлучи да учествува во оваа војна, ќе ја направи животната грешка“, рече Нетанјаху. „Целосно ќе ја уништиме способноста на Хамас да управува со Газа. Израел нема да запре. Ги повикувам граѓаните на Газа да се евакуираат на југ. Знам дека веќе го правите тоа. Тргнете на југ бидејќи Израел нема да запре“, додаде тој.


Од истата категорија