Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во среда ќе отпатува за Унгарија, соопшти кабинетот на израелскиот премиер.

Нетанјаху ќе се сретне со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во ноември ја отфрли одлуката на Меѓународниот кривичен суд да побара апсење на Нетанјаху за наводни воени злосторства во Појасот Газа, пишува „Тајмс оф Израел“.

Орбан го покани Нетанјаху да дојде во Унгарија во официјална посета, а израелскиот дневен весник потсетува дека израелскиот премиер, како и речиси секоја година, за време на еврејскиот шабат ќе биде во странство со својата придружба и обезбедување на сметка на даночните обврзници.

Израелскиот портал пренесува дека Нетанјаху со поддршката на Орбан ќе разговара за планот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа.

„Нетанјаху се обидува да изгради коалиција со што повеќе земји што ќе го поддржат планот на Трамп за Газа“, изјавил за порталот неименуван извор.

Унгарија е близок сојузник на Израел во НАТО и во Европската унија.