Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека владата ќе се состане следната недела за да ги одобри плановите на безбедносните сили (ИДФ) за Рафа, вклучително и евакуација на цивили од областа.
Овој потег доаѓа во време на тековните преговори за заложниците со Хамас, јави Тајмс оф Израел.
– Работиме на постигнување друга рамка за ослободување на нашите заложници, како и завршување на елиминацијата на баталјоните на Хамас во Рафа, рече Нетанјаху.
– Затоа испратив делегација во Париз и вечерва ќе разговараме за следните чекори во преговорите, изјави тој.
Нетанјаху додаде дека „само комбинација од воен притисок и наметливи преговори ќе доведат до ослободување на заложниците, елиминација на Хамас и постигнување на сите цели на војната“.