Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во изјава за израелската јавност се осврна на неодамнешните настани на северната граница со Либан.
Според написите на локалните медиуми, по проценката на ситуацијата во воениот штаб во Тел Авив, Нетанјаху изјавил:
– За оние кои сè уште не разбираат, сакам да ја разјаснам политиката на Израел – не чекаме закана, туку ја спречуваме. Секаде, на кој било фронт, во секое време. Ги елиминираме нивните високи личности, ги елиминираме терористите, ги елиминираме проектилите – и не запираме, рече Нетанјаху.
– Кој ќе се обиде да ни наштети, ние го удираме уште посилно. Ветив дека ќе го промениме безбедносниот баланс, односот на силите на север – и тоа го правиме. Ние уништуваме илјадници проектили и ракети насочени кон Израел, кон градови и граѓани. Пред нас се сложени денови. Барам две работи од вас, граѓани на Израел: прво, следете ги упатствата на командата на домашната стража, бидејќи тоа спасува животи, и второ, застанете заедно со решителност, одговорност и, се разбира, трпение, рече Нетанјаху, пренесуваат медиумите во регионот.