Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес изјави дека во Газа сè уште има 20 живи заложници, а дека 38 од нив се мртви, ветувајќи дека „сите“ ќе ги вратат во Израел.
Тој рече дека Израел има „многу организиран“ план за постигнување на своите воени цели во Газа, додавајќи дека војната во Газа има „цел што е јасна и оправдана“, објави „Тајмс оф Израел“.
„Да го победиме Хамас, кој изврши злосторства на 7 октомври; да ги вратиме сите наши заложници; и да се осигураме дека Газа не претставува закана за Израел“, рече Нетанјаху.
Тој го нагласи успехот на израелската армија за време на операцијата во која беше убиен лидерот на военото крило на Хамас, Мухамед Синвар.