Владата на Израел го поздрави враќањето на првата група од 13 ослободени заложници во Израел, а премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел се залага за враќање на сите киднапирани заложници.
„Израелската влада го поздравува враќањето на нашите граѓани“, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кое беше објавено откако првата група од 13 ослободени Израелци влезе на израелска територија, пишува „Тајмс оф Израел“.
Израелската влада потврди дека, покрај 13-те ослободени Израелци, биле ослободени и 11 странци, алудирајќи на десет Тајланѓани и еден Филипинец.
„На нашите граѓани им беше извршен првичен лекарски преглед и нивните семејства беа известени од назначените лица дека се вратиле“, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер.
Премиерот Нетанјаху рече дека потрагата по првите заложници – децата, нивните мајки и други жени – е завршена.
„Секој од нив е целиот свет“, рече Нетанјаху.
Тој им порача на семејствата на заложниците и на граѓаните на Израел дека Израел се залага за враќање на сите киднапирани заложници.
„Ова е една од целите на војната и ние сме посветени на постигнување на сите цели на војната“, нагласи Нетанјаху.