Нетрпеливи гледачи почнаа да се собираат на пристаништето во Сиднеј уште во раните утрински часови, заземајќи добри позиции од каде ќе можат да го набљудуваат новогодишниот огномет.
Најубавите места околу кејот веќе се пополнети неколку часа пред почетокот на спектаклот.
На зелените површини околу пристаништниот мост Харбор Брич се поставени шатори на набљудувачите на светлосното шоу.
Организаторите најавија дека прославата на 2019 година ќе биде најспектакуларна досега.
Поторшени се шест милиони австралиски долари (4,2 милиони американски) за 8,5 тони огномет, кој ќе го осветли небото 12 минути во текот на новогодишната ноќ. Годинава има 500 килограми огномет повеќе од минатата, а првпат ќе бидат пуштени и нови бои – беж и бојата на праска.
Посетителите ќе имаат можност да гледаат тридимензионални слики од огномет во облик на чадор, цвеќиња, срца и насмеани луѓе.
Шоуто ќе биде придружено со музика во чест на сеќавањето на кралицата на соул музиката Арета Франклин, која почина минатата година.