Лекот против артритис „Актемра“ (Actemra) на швајцарскиот фармацевски концерн „Рош“ (Roche) не е успешен како терапија за пациентите инфицирани со новиот коронавирус.

Клиничка студија покажа дека „Актемра“ не довел до никакво подобрување кај хоспитализираните пациенти кои имале воспаление на белите дробови предизвикани од Ковид-19.

Исто така ниту бројот на починати не е намален со користење на тој лек.

„Рош“ најави дека ќе продолжи со тестирање на употребата на „Актемра“ против Ковид-19 во комбинација со други лекови.