Ракометарите на Франција се во финалето на ЕП во ракомет откако во продолженија ја победија Шведска со 34:30.

Но драмата се одигруваше во последните секунди од регуларниот дел на мечот. Швеѓаните беа поблиску до победа, на 40 секунди до крајот водеа 27:25, Франција даде гол, а потоа во последната секунда од мечот добија фаул и последен удар од 11 метри.

Пранди ја презеде одговорноста и на неверојатен начин успеа да погоди и да се изборат за 27:27 и дополнителни 10 минути игра во кои Французите лесно победија.