Претставничката на „Евровизија“, 38 годишната Тамта откри дека во Грузија, каде се родила и пораснала, го запознала две години постарото момче со кое се омажила на 14 години.
Веднаш потоа и добиле дете, девојчето Анние кое денес има 24 години.
По шест години брак Тамта се развела од сопругот, а во едно интервју потенцираше дека нејзината ќерка секогаш ќе биде на прво место.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ВЕЧЕРЊИ.ХР
Пејачката истакна дека нејзината мајка и помагала во воспитување на нејзината ќерка и дека е горда на својата ќерка Анние.
На 22 години се преселила во Грција каде заедно со нејзината мајка работела домашни работи, а во 2003 година се појавила во „Супер идол“ каде што го освоила второто место.

ФОТО: ПРИНТСКРИН/ИНСТАГРАМ/ВЕЧЕРЊИ.ХР
Долго време имала желба да настапува на Евровизија, но досега го нема освоено првото место.