Клер Вилијамс (44) од Велс, го поминала најголемиот дел од животот тешејќи се со храна. Таа е висока 152 сантиметри и тежела 125 килограми, па се помирила со тоа дека секогаш ќе биде дебела.

Just a reminder not 2 go back!!!!!

Gepostet von Claire Williams am Sonntag, 18. August 2019

 

Меѓутоа, кога некој сурово го задевал нејзиниот свршеник Метју (50) дека е во врска со „дебела жена“, решила да ги преземе работите во свои раце и да тргне по патот на здравјето.


Сега е непрепознатлива. Таа прошетала до олтарот со половина од својата тежина, и со тоа го воодушевила семејството и пријателите на нејзината свадба.

– Да останев дебела, мислам дека ќе немав храброст да прошетам до олтарот. Слабеењето целосно ме оживеа. Сега сум полнa со енергија. Се чувствував прекрасно на мојата свадба, вели задоволната Клер.