Тоа беше и тажен и среќен момент во кој невестата доби посебен подарок за венчавката од нејзиниот татко.
Таткото обично ја одведува до олтарот невестата и танцува со неа.
Но, овој татко се реши за посебен подарок. Во салата за тамнцување, наместо танц, тој го зеде микрофонот и со гостите ја сподели приказната за тоа како невестата доживеала ужасна несреќа пред многу години. Таа завршила во болницата со затворена вилица и неподвижна.
Невестата имала потешкотии во комуникацијата и никој не можел да го разбере нејзиниот говор со движењата. Ова го инспирирало младиот татко да научи знаковен јазик на песната „Јас ја сакав прв“ ( „I loved her first“), која исто така ја „пееше“ на знаковен јазик на свадбата.
Ниту невестата, ниту публиката не можеа да ги запрат солзите.