Невработеноста во Европската унија и еврозоната продолжи да расте во август, следејќи го трендот како и претходните месеци, покажуваат статистичките податоци на ЕУ.

Според Евростат, стапката на невработеност во ЕУ се искачи на 7,4 отсто во август, додека во еврозоната се искачи на 8,1 процент.

Проценките на институтот покажуваат нешто повеќе од 15,6 милиони во ЕУ и околу 13,2 милиони невработени во еврозоната во август. Во споредба со јули, бројот на невработени се зголеми за 238.000 во ЕУ, односно 251.000 во еврозоната.

Статистичките податоци покажуваат дека повеќе од три милиони невработени во ЕУ се млади луѓе на возраст под 25 години, а 2,46 милиони од нив се во еврозоната.

Во однос на полот, стапката на невработеност кај жените во август беше 7,6 отсто во ЕУ, за разлика од 7,5 отсто во јули.

Во август, стапката на невработеност кај мажите беше 7,1 процент, стабилна во споредба со претходниот месец.

Во еврозоната, стапката на невработеност кај жените се зголеми од 8,3 проценти во јули на 8,4 отсто во август и се зголеми од 7,8 отсто на 7,9 отсто кај мажите.