Отворени помалку работни места во јуни, раст на платите и намалена невработеност од 3,6 отсто, се дознава од месечниот извештај на американското Министерство за труд објавен денеска.
Работодавците во САД вработиле 209.000 работници во јуни, солидна бројка но помала од 306.000 вработени во мај. Минатиот месец исто така порасна бројот на Американци вработени на делумно работно време а поради економски причини, на пример полоши услови за работа на бизнисот.
Стапката на раст на бројот на работните места во историски рамки останува висока и е еден од признаците дека американската економија е далеку од рецесија.
Претседателот Џо Бајден за сегашниот извештај изјави дека континуираниот раст на бројот на работни места е „бајденекономија во акција“ и сигнал за одржлив економски раст.
– НАБЉУДУВАМЕ СТАБИЛЕН И ОДРЖЛИВ РАСТ, СЕ ВЕЛИ ВО ИЗЈАВАТА НА БАЈДЕН.
– ТОА Е „БАЈДЕНЕКОНОМИЈА“, РАСТЕЖ НА ЕКОНОМИЈАТА НА СМЕТКА НА СОЗДАВАЊЕ РАБОТНИ МЕСТА, НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ НА РАБОТНИТЕ СЕМЕЈСТВА И РАЗУМНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО АМЕРИКА, СООПШТИ ТОЈ.
Просечната саатница во САД во јуни пораснала за 0,4 отсто по сличниот раст во мај. За 12 месеци од јуни 2022 до јуни 2023 година просечната плата во САД пораснала за 4,4 отсто.
Годишниот раст на платата е превисок за да парира на таргетот на Федералните резерви за инфлација од 2 отсто, затоа се очекува ново зголемување на каматните стапки, сметаат познавачите.