Невреме го зафати крајбрежјето во Албанија, а како што јавува телевизијата A2 CNN, две лица ги загубиле животите.
Една од жртвите, според објавеното, пловел кога настрадал од брановите, додека другата жртва влегла во морето да плива.
Во меѓувреме, издадена е забрана за пловење на бродовите во поголем дел од крајбрежјето.
Денеска невреме ја зафати и Хрватска.