Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово бидејки според него ризикот од струен удар по граѓаните е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека на 112 стигнале неколку пријави од граѓани за поплавени подруми.
Ова доаѓа откако Тетовскиот регион попладнево го зафати силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, со грмотевици и засилен ветер.
Во моментов голем број на сообраќајници се под вода.
Сообраќајот е целосно блокиран како во градот, така и на автопатот Тетово-Скопје каде има се уште врнежи од дожд и град.