Невреме проследено со врнежи од дожд и град зафати попладнево неколку села од Поткожувјето, што сега спаѓаат во кавадаречка општина, а своевремено беа дел од локалната самоуправа Конопиште.
Горна Бошава е само едно од селата коe беше зафатено од невремето. Селото е оддалечено четириесетина километри од градот Кавадарци.
Мештаните велат дека допрва ќе се утврдува колкави се штетите од градобијните зрна.