Неколку градови во западниот дел на Германија ги откажаа традиционалните карневали поради лошите временски услови, пред се силниот ветер и поројните дождови.
Во Келн и Диселдорф се откажани познатите карневали поради, како што наведуваат градските власти, заштита и безбедност на учесниците.
На парадата во Келн требале да учествуваат 8.000 луѓе, а се очекувале неколку стотици илјади посетители.
Меѓу градовите кои, исто така, ги откажале карневалите се и Есен, Емерих, Салцкотен, Хајлигенштат.