Четири лица загинаа при свлечиште, предизвикано од поројните дождови во регионот Калабрија, во јужниот дел на Италија, додека еден маж загина во пристаништето Катандзоро откако едрилицата му била однесена од силните ветрови.
Поројните дождови и силните ветрови што ја зафатија денеска Италија се очекува утре да се интензивираат уште повеќе.
Во повеќе региони во земјата се издадени предупредување за лоши временски услови.
Соопштено е дека утре ќе бидат затворени училиштата во Венеција.