Пекинг денеска беше прекриен прашина, донесена од силните вретрови од пустината Гоби, северозападна Кина.
Според метеоролозите тоа е најсилната песочна бура во реонот во последаната деценија. Песочната бура се движи кон кинеските провинции Гансу, Шанси и Хубеи.
Честичките ПМ10 во некои реони на Пекинг достигнаа до 8.000 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50, додека честичките ПМ2 се на ниво од 300 микрограма на метар кубен, а дозволени се 35.
Поради песочната бура откажани се 428 летови од аеродромите во Пекинг.
Од силни песочни бури погодена е и соседна Монголија.