Невремето што попладнево го зафати Скопје предизвика проблеми и во литературата, односно доделувањето на наградата роман на годината што беше планирано за вечерва.

– Поради временските услови, свеченото врачување на наградата Роман на годината за 2021 кое требаше да се одржи вечерва, во кафе бар Филхармонија, ќе се одложи. Доделувањето ќе се изврши во период кога временските услови тоа ќе го овозможат, соопшти Фондација Славко Јаневски.