Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат дојави (пријави) од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи.

Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе.

На пример, граѓанин, од ул. Киро Крстевски бр. 3 – пријави дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат„ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот (ова е според јавувањето како најдрастичен пример) но сепак тоа е пријава од лице место на засегната страна. За ова се веќе известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.

Под подвозникот кај хотел Континентл имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под Куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно кобе, вкупно 15-етина луѓе. На нив им се помага од страна на службите според приоритет.