Рони Лонг поминал 44 години во затвор за злосторство што не го сторил. Сега му претстои нова борба, бидејќи верува дека неговиот живот вреди многу повеќе од 750.000 долари, колку што изнесува обештетувањето.
Како што објави Си-Ен-Ен, Афроамериканецот Лонг е обвинет за силување на бела жена во 1976 година. Поротата, во која биле сите белци, го прогласила за виновен за провала и силување и бил осуден на доживотен затвор. Тој неколку пати се жалел на пресудата, но неговите жалби биле одбиени. Во декември минатата година, гувернерот на Северна Каролина го помилувал, бидејќи судовите утврдија дека тој е осуден по грешка.
Судијката на Апелациониот суд Стефани Такер истакна дека е загрижувачки и впечатлив образецот по кој полицијата намерно ги негирала материјалните докази. Според законот, на 65-годишниот Лонг треба да му исплатат по 50.000 долари за секоја година што ја поминал во затвор, но тој износ е ограничен на 750.000 УСД. Во неговиот случај, тоа значи дека му е платено за 15 години поминати во затвор.
Џејми Лау, неговиот поранешен адвокат, рече дека Лонг е благодарен за парите што ги добил, но дека се несоодветни за 44 години скратена слобода. Тој истакна дека и двајцата родители починале додека тој бил во затвор, и дека неговиот син живеел без татко.
Затоа адвокатот Лау смета дека Лонг заслужува многу повеќе отколку што добил како отштета. Лонг се надева дека ќе го добие она што смета дека го заслужува верувајќи дека бил намерно осуден и притворен.
Тој не сакаше да именува луѓе кои ќе му помагнат во оваа правна битка и тврди дека во моментов нема законски застапник. Тој посочи дека неговиот проблем мора да се реши, бидејќи верува дека може да му се случи на некој друг.
Неговиот поранешен адвокат Лау потсети дека Лонг не е единствениот на кого ова му се случило. Тој рече дека најмалку уште двајца други мажи се ослободени по 44 години затвор, бидејќи биле невини. Тој повика на преиспитување на механизмот за надомест на штета, сметајќи дека гувернерот не треба да има целосна надлежност кој треба да го добие, а кој не.
Тој вели дека сите мора да имаат еднакви можности за да бидат обештетени.
Лонг си купи автомобил од соништата, а тоа е Кадилак. Ова е првиот автомобил што го поседува по 50 години. Тој и неговата сопруга планираат да купат нов дом, пренесува Си-Ен-Ен.