Австралискиот Макееонец Александар Волкановски ја одбрани неприкосновената титула откако се соочи со привремениот шампион Јаир Родригез.
Нивната борба беше насловна на настанот УФЦ 290, кој се одржа пред малку во Лас Вегас. Волкановски не му даде никакви шанси на Родригез и го совлада со нокаут.
Австралиецот е незапирлив во перо категорија и ова е негова петта успешна одбрана на појасот во таа категорија. Јаир Родригез почна да се подигаше во третaтa рунда, но Волкановски брзо потсети дека едноставно нема рамен во категоријата до 66 килограми.
34-годишниот борец со македонски корени е еден од најголемите борци во историјата на овој спорт и едноставно ужива додека е активен на боречката сцена.